Фудбалерите на Мидслбро приредија изненадување во првиот полуфинален натпревар од Лига купот и со предност ќе патуваат на реваншот на „Стемфорд бриџ“ против Челси.
Мидслбро кој одамна не е дел од Премиер лигата и игра во Чемпионшип дивизијата, вечерва на „Риверсајд“ со 1:0 ги совлада Сините. Ова е прва победа за Мидлсбро над Челси по пауза од 18 години.
Стрелец на единствениот гол беше Хајден Хакни во 37-та минута.
Реваншот ќе се игра на 23 јануари, а во второто полуфинале ќе играат Ливерпул и Фулам.