Миха може да здивне: Рекордот на Болоња без сочувана мрежа застана на 41 меч

Со минималниот триумф од 1-0 над Кротоне, Болоња стави крај на негативната серија од 41 првенствен натпревар без сочувана мрежа.

Тимот кој го води Синиша Михајловиќ ќе биде рекордер во Серија А во оваа категорија, откако последно Болоња не прими гол на 25 септември 2019 година, во ремито без голови против Џенова.

Прекинот на низата дојде во вистински момент, ако се знае дека Болоња беше на прагот да го израмни европскиот рекорд на Бордо од 1960 година, кој стои на 42 последователни дуели со барем еден примен гол.

- Оглас -

Најнови вести