Михаел Шумахер итно пренесен во болница во Париз, има ли проблеми и со срцето?

Поминаа речиси шест години од скијачката несреќа во која Михаел Шумахер се здоби со тешки повреди. Здравствената состојба на легендарниот формула 1 возач постојано се чуваше во тајност. Вечерва стигна информација дека Германецот е пренесен на одделот за кардиологија во болница во Париз.

Според весникот „Ла Паризиен“, Шумахер бил доведен со возило на итна помош со регистарски таблици од Женева. При внесувањето во болницата, Шумахер бил прекриен со темносин прекривач, а покрај него имало повеќе од 10 луѓе за обезбедување.

https://twitter.com/LPLdirect/status/1171142304083709953

Шумахер настрада на 29 декември 2013 година во еден скијачки центар на француските алпи. Тој излета од патеката и со главата удри во карпите кои биле покрај патеката. Лекарите тогаш го ставија во индукциска кома, а по шест месеци се разбуди. Шумахер не може да стои, а речиси никакви се информациите за неговата здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести