Српскиот стручњак Синиша Михајловиќ кој ја води Болоња, се спомнуваше како кандидат за тренер на Јувентус и на Интер, но тој самиот тврди дека тие пишувања не биле точни. Михајловиќ има договор со болоњезите до 2023 година.
„Не сум преговарал со други клубови. Не сум лицемер, ако стигнеа понуди од Интер или Јувентус, ќе ги сослушав и ќе прифатев. Тоа е нормално, Ако некој тренер каже поинаку, значи дека не е искрен. Болоња никогаш нема да ми биде план Б. Ако некаде не се чувствувам добро и со клубот немаме исти амбиции, ќе си заминам, без потреба да барам друг клуб“ – вели Михајловиќ.
Тренер на Јувентус стана Масимилијано Алегри, а на клупата на Интер седна Симоне Инѕаги.