Синиша Михајловиќ излезе од болница и се чувствува добро. На некогашниот фудбалер, а сега тренер на Болоња, пред два месеци му беше откриено дека боледува од акутна леукемија и веднаш започна третман за лекување.
Лекарите потврдија дека бил комплетиран вториот циклус на хемотерапија, па Михајловиќ е пуштен дома, а тој се јави преку видеопорака.
„Жал ми е што не можев да бидам дел од дуелот меѓу легендите на Болоња и Реал Мадрид, но кога излегов од болница, навистина сакав да бидам дома со моето семејство. Се надевам дека ќе го разберат тоа. Благодарам на сите за поддршката која ми ја даваат и што останаа покрај мене кога ми е најтешко. Се борам со оваа тешка болест, сега добро се чувствувам и се надевам дека на крајот ќе победам“, рече Михајловиќ во дел од видеообраќањето.
И покрај тоа што е тешко болен, Михајловиќ неколку пати излегуваше од болница и го предводеше тимот на Болоња на првенствени дуели во Серија А.
#LaPartitaDelleLeggende: il meraviglioso messaggio di #Mihajlovic proiettato allo stadio per i 110 anni del #Bologna pic.twitter.com/62EHaMj0sV
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) October 9, 2019