Синиша Михајловиќ ја бие клучната животна битка, му следи третата фаза со хемотерапија, велат и најважната, а ќе отсуствува од терените до Нова година.
Михајловиќ досега успеваше напоредно да ја прима терапијата и да биде крај терените во Серија A како кормилат на Болоња, а ја има поддршката од фудбалскиот свет и навивачите на сите делови од планетата.
Сега ќе мора да мирува и нема да биде во можност да го предводи калчолигашот од клупата во следните 6-7 седмици.
Досега одлично се држи со болеста што му беше дијагностицирана годинава, но сега следува главната фаза што Синиша мора да ја преброди во битката со тешката болест.