Предводникот на Болоња Синиша Михајловиќ, би можел да ја прекине тренерската кариера поради здравствени проблеми, информираат италијанските медиуми. Српскиот стратег неодмана беше на детални медицински прегледи и по совет на експерите тој мора да оди на агресивен третман.
Болеста е засега неименувана, но Михајловиќ мора целосно да го посвети вниманието на третманот, па токму затоа се шпекулира дека би можел да го напушти кормилото на Болоња и да ја прекине тренерската кариера, барем засега. Се очекува Михајловиќ денес да одржи прес-конференција за да ја објасни ситуацијата.
Тој во јуни потпиша нов договор со калчолигашот со траење до 2022 година, откако минатата сезона го презеде тимот и буквално го препороди спасувајќи го од зоната за испаѓање, за на крајот Болоња да заврши на 10-тата позиција во Серија А.