Михајловиќ: Корона-вирусот е гола вода во споредба со леукемијата!

Тренерот на Болоња, некогашниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ, вели дека ковид-19 е како „ладна чаша со вода“ во споредба со леукемијата и удри по „хејтерите“ кои го критикуваа дека со ризично однесување се заразил со вирусот.

Михајловиќ сега е негативен на тестот за корона-вирус и почна да работи со екипата. Многумина беа загрижени за него бидејќи пред една година му беше дијагностицирана леукемија.

„По тоа што го искусив од јуни минатата година до јануари годинава, таа шестмесечна секојдневна битка со леукемијата, постојани посети на болница и три рунди хемотерапија, ковид-19 е како да сум испил чаша со ладна вода. Бев без никакви симптоми, да не се тестирав немаше ни да знам дека имам вирус. Тоа не значи дека болеста не постои и сите кои ја игнорираат, немаат почит кон сите починати и кон саканите. Не знам дали му пречи некому што оздравев целосно или можеби е полесно да се покаже емпатија кон некој што е во болнички кревет и изгледа кршливо. Енцо Ферари има речено дека Италијанците ви простуваат сè, освен успехот, а јас би ја додал и среќата, има многу зло околу нас, не само во Италија. Јас тие луѓе не ги нарекувам хејтери, имам еден друг збор за нив“, изјави Синиша.

Михајловиќ рече дека 20 години има куќа на Сардинија и таму оди секое лето, а за време на престојот носел маски во барови, ресторани и супермаркети, но една од неговите ќерки е позитивна, па претпоставува дека таа му пренела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести