Тренерот на Болоња, српскиот стручњак Синиша Михајловиќ е во самоизолација во Рим за да избегне секаков контакт со луѓе и можност од заразување од Коринавирусот со огледа на тоа дека се бори против леукемијата. Миха ја добива битката, но сака да помогне и против короната која најмногу се шири токму во Италија.
„Мора да се бориме. Вирусот ќе го победиме од дома. Младите говорат дека од коронавирусот главно умираат постари лица и тоа го кажуваат со олеснување. Старите не се број, тие се голем ресурс, наша историја, наш генетски код. Јас минав неколку месеци затворен во болничка соба од 9 метри квадратни без прозорец. Мислите дека останувањето дома со семејството и пушење цигара на тераса е некаков проблем? Тоа е привилегија. Јас долго време носам маска и не се поздравувам со дланките. Мора да се избегнуваат контакти, ценете го животот“, изјави Михајловиќ.