Михајловиќ: Не може да се суди офсајд за нос или рамо

Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, смета дека правилото околу офсајдот мора да се промени. Српскиот стратег не може да прифати дека недозволена позиција се суди за рамо или нос, односно треба да се има поголема доза на толеранција во таквите ситуации.

„Мое мислење е дека мора да има промени во ова правило. Треба да постои одредено растојание според кое ќе се суди офсајд, бидејќи вака се зема во предвид секој милиметар. Честопати сезонава мојот тим беше во таква ситуација. Иако правилата се јасни, мора да се има поголемо ниво на толеранција бидејќи носот, односно рамото не може да биде причина за недозволена позиција“, истакна Михајловиќ.

Болоња вечерва гостува кај Милан во рамки од 34-тото коло во серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести