Михајловиќ: Знаев дека имам вонбрачен син, но не му се јавував

Српската фудбалска легенда и актуелен тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ, во декември 2004 година имал една несекојдневна средба, запознавање со неговиот син Марко, кого го немал видено никогаш, иако го признал како резултат на вонбрачна врска.

Марко живеел со мајка му, знаел кој му е татко, се фалел кај другарите, но дотогаш никогаш го немал видено. Синиша призна дека малиот му се јавувал, но не кревал телефон. Србинот чекал Марко да порасне, па да се сретнат и да му објасни што се случувало. Сопругата Аријана знаела за детето и таа ја иницирала средбата, за малиот да си ги запознае сестрите и браќата. Тој ден кога Марко стигнал во Милано и се прегрнал со татко му, заминал и на стадион да го гледа татко му, а Синиша на тој меч помеѓу Интер и Бреша даде гол од слободен удар за победа од 1-0.

Инаку, Михајловиќ го добил детето од романса со една Италијанка, пред да ја запознае сопругата Аријана.

„Се знаеше дека имам син, јас веднаш го признав. Марко е мој син, го прифатив, но не го одгоив. Долго се немавме слушнато. Барав од него да преземе повеќе одговорност, но тој не беше во состојба да го направи тоа. Ме бараше, но не се јавував. Ако некој ме разочара, ми треба време“ – изјави Михајловиќ пред да се сретне со синот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести