Михајловски: Иван Чупиќ одамна покажуваше афинитети за тренер, сега го добива кормилото на Вардар

Ракометниот клуб Вардар 1961 го промовираше новиот тренер. Тоа е легендарниот хрватски ас Иван Чупиќ, кој во минатото беше дел и од шампионската генерација и го постигна клучниот гол за првиот трофеј во ЛШ.

Првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, го претстави новиот проект кој стартува со ангажманот на Иван Чупиќ.

„Вардар минатата сезона, за жал, го освои само Купот, а во Европа буквално за влакно не ја поминавме групната фаза. Многу сум разочаран што ја загубивме титулата дома. По тој меч, цела недела не сакав да зборувам за ракомет. Го победивме Пелистер во Битола во пеколна атмосфера, потоа и во Купот лесно го победивме, а на крајот кога требаше дома да славиме, загубивме. За мене, најголем виновник за тој пораз беше тренерот, а потоа играчите. Во новата сезона целта е конечно по три години пост да ја освоиме титулата, а, секако, и Купот да го одбраниме. Во Лигата на Европа целта ќе ни биде да бидеме во топ 8“, изјави Михајло Михајловски.

„Паметите кога во 2017 година Чупиќ во последна секунда му даде гол на ПСЖ за да ја освоиме титулата. Тој уште тогаш покажуваше амбиции да биде тренер, дури и ми предложи тогаш да почне да работи како тренер кај нас. Тогаш тоа ми беше шокантно и го одбив, но сега е подготвен за оваа работа. Тој ќе биде прв тренер на Вардар во новата сезона“, најави Михајловски.

- Оглас -

Најнови вести