Некогашната ѕвезда на Партизан и Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, кој во еден мандат беше и спортски директор на Реал, изненаден е од најавите дека го спомнуваат како можен претседател на белградските Црно-бели.
„Ме изненадија најавите дека сум прифатил можност за враќање во Партизан и тоа на функцијата претседател на клубот. Апсолутно неточно е дека сум разговарал со некого на таа тема, не ми е јасно кој пласира такви невистини. Колку што знам, Партизан има претседател и рааководство“ – изјави Црногорецот за агенцијата „Танјуг“.
Пеѓа во дресот на Партизан од 1989 до 1993 година одигра 104 меча на кои даде 45 голови.
„На Партизан му посакувам среќа и успех во наредниот период, сакам мојот Партизан да биде на нивото на својата репутација, но моите приватни и службени планови се врзани за Шпанија“ – додава 54-годишниот Мијатовиќ.