30.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Мијатовиќ: „Многу ѕвезди во една екипа може да биде само контрапродуктивно“

Поранешниот југословенски репрезентативец, но и екснапаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, повторно отворено зборуваше за проблемите во „кралскиот“ табор. Тој смета дека многу ѕвезди на едно место може да биде само контрапродуктивно и доколку некој сака да си замине, Реал не треба да прави проблеми.

„Комплицирано е. Не може за едно лето да се обнови екипата и веднаш да се најдат замените за Модриќ и Крос. Мора да се донесат важни одлуки. Ако Винисиус, Мбапе или Родриго не се среќни и ако чувствуваат дека немаат поддршка, тие нема да можат да играат на највисоко ниво. Не знам дали навивачите го сакаат Винисиус како пред две или три години. Секогаш зборувам дека многу ѕвезди може да биде контрапродуктивно. Имате имот кој вреди многу, но не го користите доволно. Поминуваат месеците, а тој играч не е среќен и не знаете дали ќе можете да го продадете следното лето. Винисиус е голем играч и мора да го почитуваме тоа што го има направено. Сега тука е Килијан Мбапе, кој закрепна и има импресивна низа. Не треба да се прават проблеми, Чаби Алонсо добро знае што треба да направи. Јас би ги пуштил да играат двајцата, но јас не сум тренер“, вели Мијатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести