Мијатовиќ посака Србија да игра во финалето на СП во Катар!

Легендарниот црногорски фудбалер, Предраг Мијатовиќ, посакува во финалето на Светското првенство во Катар да играат Аргентина и Србија.

„Чуден е тој термин ноември-декември за играње Светско првенство среде сезона, на сите ќе им биде незгодно. Сакам Србија да игра финале со Аргентина. Мислам дека Србија може да има важна улога, игра ефективен и убав фудбал. Нема големо искуство на големите натпреварувања, но на секое првенство има изненадувања. Никој не веруваше дека Хрватска ќе стигне до финале пред четири години. Зошто сега да не биде Србија тоа изненадување?“ – рече Мијатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести