Мијатовиќ пред точно 25 години го даде најважниот гол во историјата на Реал Мадрид (Видео)

На денешен ден пред 25 години, Реал Мадрид го победи Јувентус со 1-0 во амстердамското финале на Лигата на шампионите, а голот за победа што го даде Предраг Мијатовиќ, и во анкети на најпознатите шпански весници, се смета за најважен во поновата историја на клубот.

Две третини од фановите се изјасниле дека овој гол на Мијатовиќ од 1998 година е поважен од тој на Серхио Рамос во 2014 кога Реал по десетти пат стана европски првак.

Со триумфот над Јуве, заврши чекањето од дури 32 години за Реал пак да биде европски првак. Голот на Рамос во 93-та минута од финалето со Атлетико не беше победнички, туку спречи пораз на Реал, а потоа во продолженијата Кралскиот клуб даде уште три гола.

Голот на Мијатовиќ погледнете го ТУКА.

Реал имаше шест европски титули во „црно-бело“, а Мијатовиќ ја смени историјата. Сега Реал има дури такви 14 трофеи, осум се во „боја“, а првиот од тие осум во модерната ера беше токму по заслуга на Црногорецот.

„Не сакам да се фалам, ама навистина можеме да зборуваме дека тој гол е најважен во историјата на Реал Мадрид. Сега кога ги гледам сликите и снимките, сфаќам колку беше важен тој гол и таа победа. А, ми беше единствен гол во Лигата на шампионите таа сезона, плус тоа финалето го играв повреден, а тренерот не знаеше дека сум повреден“ – раскажува Мијатовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести