35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Мијатовиќ: Се позајмува играч ако немате пари, или ако не сте сигурни дека ќе игра добро

Црногорската фудбалска легенда, Предраг Мијатовиќ, кој е поранешен играч на Реал Мадрид, во емисијата „Ел Ларгеро“ на радиото „Кадена СЕР“, зборуваше за доаѓањето на Маркус Рашфорд во Барселона.

„Рашфорд е играч кој требаше да стане вистинска ѕвезда, но имаше многу лоша серија. Кога правите такви работи (потпишување на позајмен играч), тоа е или затоа што немате пари или затоа што не сте сигурни дека ќе игра добро“, искоментира популарниот Пеѓа.

Тој ја коментираше и ситуацијата во Реал Мадрид каде доведување на Килијан Мбапе не ги донесе посакуваните резултати, и видлив е падот на Винисиус и Родриго кои беа ѕвезди, а сега барем еден од нив може да бидат продаден.

„Недостасуваат креативни играчи, фали креативност во средниот ред. Ставањето на Ѓулер на позицијата што ја имаше Модриќ би било самоубиствено. Кога Модриќ дојде во Мадрид и до натпреварот против Манчестер јунајтед, се чинеше дека не се развива. Мора да избегнеме да ги исцрпуваме младите играчи и да им дадеме време да покажат што можат. Кога треба да го обновите тимот и да ги барате новите Модриќ, Крос и Каземиро, не можете да го обновите тимот за едно лето. Тимот мора да донесе неколку важни одлуки ова лето. Акумулирањето одлични играчи со голема пазарна вредност, секогаш е контрапродуктивно. Имате имот што вреди многу, но не го извлекувате максимумот од него. Како што минуваат месеците, играчот не е среќен и не знаете дали ќе можете да го продадете следната година“, заклучи Мијатовиќ.

- Оглас -

Најнови вести