1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Микаутадзе од пенал донесе водство за Грузија (Видео)

Грузиецот Георгес Микаутадзе е третиот фудбалер на ЕВРО 2024 кој стигна до втор погодок на турнирот, израмнувајќи се со Џамал Мусијала од Германија и Иван Шранц од Словачка.

Во последните мигови од првото полувреме на дуелот против Чешка, на асистенција од ВАР собата, беше досуден пенал за Грузија, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше токму Микаутадзе.

Чесите во првото полувреме имаа неколку одлични шанси, но извонреден на голот на Грузија беше Ѓорги Мамардашвили. Тој имаше дури осум сигурни интервенции за само едно полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести