Минатата недела Арсенал објави шокантна вест дека тренерот Микел Артета е заразен од Коронавирусот. Се претпоставува дека Артета бил заразен за време на гостувањето во Атина против Олимпијакос, затоа што подоцна беше откриено дека претседателот на грчкиот клуб имал Коронавирус.
По дознавањето дека го закачил опасниот вирус, Артета веднаш беше префрлен во куќна изолација, а за среќа сите останати членови на Топчиите кои беа тестирани беа негативни. Шпанскиот стратег мирува дома и според последните информации се чувствува многу подобро.
„Драго ни е што можеме да соопштиме дека Микел се чувствува многу подобро. Се наоѓа во добро расположение и веќе со нетрпение го очекува продолжувањето на сезоната“, соопштија од Арсенал.