Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал, веруваат дека тој ќе им донесе титула

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го продолжи договорот со лондонските Топчии до летото 2027 година.

Преговорите траеја од мај, а со новиот договор Артета ќе биде еден од најплатените тренери во Европа. Новиот договор на Артета се очекува да биде официјално потпишан пред неделното дерби на северен Лондон против Тотенхем.

Шпанецот Артета на клупата на Арсенал е од декември 2019, кога го наследи сонародникот Унаи Емери. Во клубот веруваат дека некогашниот фудбалер и помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити е човекот кој може да им ја донесе првата премиерлигашка титула по пауза поголема од 20 години.

- Оглас -

Најнови вести