Микел Артета и Бруно Фернандеш ги понесоа индивидуалните признанија за месец март во Премиер лигата, откако беа избрани за менаџер и играч на месецот.
За Артета ова е осмо вакво признание, а го заслужи по перфектниот месец на Арсенал, во кој Топчиите забележаа победи над Челзи, Брајтон и Евертон. Лондонскиот клуб сериозно чекори кон првата титула по пауза од 22 години и моментно е лидер на табелата со девет бода предност пред Манчестер сити.
На индивидуален план, Бруно Фернандеш блеска во дресот на Манчестер јунајтед. Португалецот повторно е во врвна форма под водство на Мајкл Карик, откако по тренерската смена забележа дури осум асистенции во последните десет натпревари од Премиер лигата.
Со вкупно 16 асистенции оваа сезона, Фернандеш се наоѓа на чекор до историски подвиг, доколку продолжи во истиот ритам, може да ги надмине легендарните достигнувања на Тиери Анри и Кевин Де Бројне, кои држат рекорд со по 20 асистенции во една сезона.

