Микел го убеди Микел: Падна договор, Мерино доаѓа во Арсенал

Арсенал и Реал Сосиедад го договорија трансферот на Микел Мерино.

Арсенал ќе плати 32 милиони евра, со дополнителни 5 милиони евра во бонуси.

Шпанскиот репрезентативец Микел Мерино ќе потпише договор до јуни 2028 година.

Микел Артета играше клучна улога во преговорите, разговарајќи директно со фудбалерот и убедувајќи го дека Арсенал е најдобрата опција за него.

Мерино ќе замине за Лондон за да ги заврши медицинските тестови, по што ќе го потпише договорот со премиерлигашот.

- Оглас -

Најнови вести