Откако заврши септемврискиот прозорец на ФИФА во којшто играа репрезентациите, фудбалерите се враќаат на клупскиот фудбал, кој ќе владее во следните 30-тина дена. Петте натпревари во Квотите на денот на Sport Life се од пет различни земји, и тоа од Ерменија, Албанија, Данска, Колумбија и Бразил. Сите натпревари искомбинирани на еден тикет прават квота од 63.3.
Екипата на Арарат Ерменија влегува како фаворит во дуелот со Ширак и се очекува дека нема да загуби на домашен терен. Предлогот освен двојна шанса на домашната екипа, вклучува и тие да постигнат најмалку два погодока со одлична квота од 2.40 во Sport Life.
Фудбалерите на Тирана влегуваат како фаворити во дуелот од првенството на Албанија против Скендербег од Корча. Предлогот за овој натпревар е да се одигра на домашната екипа, но очекувањата се дека ќе биде постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме. Квотата за оваа игра е 2.30.
Ефикасно се очекува да биде на дуелот од втората данска лига помеѓу Коге и Колдинг. Натпреварите во Скандинавија секогаш се ефикасни, па така и денес се очекува да паднат три или четири гола на овој меч. Квотата за оваа игра е одлична, 2.40.
На дуелот од првенството на Колумбија, екипата на Депортес Толима влегува како благ фаворит против Индепендиенте од Меделин. Очекувањата се дека на овој меч домашната екипа нема да загуби и ќе бидат постигнати најмалку два гола на целиот натпревар со квота од 1.95.
Голови се очекуваат и на мечот помеѓу Лондрина и Итуано во бразилската Серија Б. Очекувањата се дека и во првото и во второто полувреме ќе бидат постигнати помеѓу еден и три гола, а квотата за оваа игра во Sport Life е 2.45.