Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари дури од пет спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот е застапен со шест меча, пет се хокејски, четири кошаркарски и еден ракометен дуел од Европското првенство.
Интересно е што специјално зголемени квоти има за дури 15 „кеца“ и само две „двојки“. Гостите се фаворити на само еден фудбалски дуел, тоа е средбата меѓу Сиваспор и Галатасарај (1.61), а квоти за победа на домаќинот и на гостинот има на пресметката од Евролигата меѓу Армани Милано и Црвена звезда. Квотата за триумф на италијанскиот тим изнесува 1.76, а таа за победа на Црвено-белите изнесува 2.53.
Од фудбалските мечеви, зголемени квоти има за Трабзонспор кој игра против Самсунспор (1.83), за Барселона против Осасуна (1.54), за Јувентус против Фросиноне (1.50).
Од кошарката, тука се и дуелите меѓу Панатинаикос и Монако (1.72) како и НБА средбите Кливленд – Бруклин (1.77) и Милвоки – Бостон (1.58).
Ракометот е застапен со мечот од Европското првенство меѓу Норвешка и Полска (1.31).