Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Половина, односно осум од 16-те натпревари се фудбалски, па следува хокејот со четири, кошарката со три и тенисот со еден меч.
Помеѓу фудбалските натпревари се и оние најинтересните кои се играат денес, а тоа се финалето на италијанскиот Супер куп помеѓу градските ривали Интер и Милан, како и единствениот меч од Премиер лигата, Вулверхемптон – Нотингем.
Во Супер типот за понеделник може да најдете зголемени квоти на вкупно 48 игри, но треба да побрзате бидејќи првиот натпревар започнува веќе во 12:10 часот.