Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. 10 од 16-те понудени натпревари се од фудбалот, следува тенисот со четири, а по еден меч е од одбојката и ракометот, односно во Супер типот за среда има зголемени квоти на вкупно 56 игри.
Првиот натпревар започнува во 15:30 часот, а се среќаваат женските одбојкарски репрезентации на Полска и Германија. Два часа подоцна ќе започне и првиот фудбалски натпревар, додека тенисот и ракометот на програмата се во 19 часот.