Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 од 16-те понудени меча. Следува кошарката со три, па хокејот со два и еден меч е од ракометот.
Помеѓу фудбалските натпревари најинтересни се оние од Лигата на шампионите, а зголемени квоти може да се најдат за победите на Интер, Њукасл, Арсенал, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Манчестер сити.
Единствениот ракометен натпревар е од Лигата на Европа, а играат францускиот Тулуз и Вардар. Во Супер типот може да се најде зголемена квота за победа на Французите.