Одличен избор од 16 натпревари распоредени во четири различни спорта нуди Супер типот на Sport Life. Понудата со зголемени квоти вклучува осум фудбалски натпревари, пет хокејски, два кошаркарски и еден ракометен натпревар.
Супер типот започнува со фудбал, и тоа со дуелот од грчкиот шампионат меѓу Пансераикос и Олимпијакос, каде што гостите се фаворити и квотата за триумф изнесува 1.45.
Специјално зголемени квоти за победи има и на Чукарички над ИМТ, на Гливице над Стал, на Флуминенсе над Ал-Ахли, на Лестер над Бирмингам, на Жирона над Алавес, а тука е и големото португалско дерби меѓу Спортинг и Порто.
Ракометот е застапен со дуелот од шведскиот шампионат меѓу Малве и Савехоф, додека кошарката со дуелите Сплит – Мега и дербито во НБА меѓу Денвер и Далас маверикс.
Разноликоста на натпреварите и спортовите значи дека има избор за сечиј вкус.