Одличен избор со натпревари од пет различни спорта има во понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Фудбалот е најброен со 11 натпревари, два се тениски, а по еден има од хокеј на лед, бејзбол и НФЛ.
Понудата започнува рано во 12 часот и тоа со дуелот меѓу Урава и Гамба Осака.
Кај фудбалските натпревари има дуели од португалскиот Лига куп, италијанските пониски лиги, шпанските лиги, како и јужноамерикански фудбал, а главни се натпреварите од квалификациите за Европското првенство. Специјално зголемени квоти има за победа на Црна Гора над Бугарија како и за Холандија над Ирска.
Тенисот е застапен со два меча, од кои еден е спектаклот од Њујорк меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Србинот и Русинот ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД, и овој меч ќе претставува реприза од пред две години кога Медведев приреди изненадување и го освои првиот гренслем трофеј.