Микс од пет спорта со зголемени квоти во Супер типот (Фото)

Денешниот Супер тип на Sport Life стандардно има 16 натпревари со зголемени квоти и има интересен микс дури од пет спорта.

Фудбалот доминира со 10 натпревари, три се од хокеј и по еден тениски, кошаркарски и ракометен дуел.

Понудата вообичаено започнува со тенис, и тоа со пресметката меѓу Штруф и Каспер Руд на стартот од турнирот во Пекинг, Кина. Тука Руд е фаворит и специјално зголемената квота изнесува 1.60.

Од фудбалските натпревари со специјално зголемени квоти, „ѕвезда“ е португалската мегапресметка меѓу Бенфика и Порто. Бенфика, која ќе игра пред своите гледачи, има предност и квотата за триумф изнесува 2.25, а тука е и дуелот во Ла Лига меѓу Барселона и Севиља. Шампионот е голем фаворит за триумф, а специјално зголемената квота за „кецот“ изнесува 1.50.

Хокејот е застапен со три меча: Тринец – Моунтифилд од чешкиот шампионат, Кунлун – Кабаровск од КХЛ-лигата, како и мечот од германското првенство меѓу Инголштад и Волфсбург.

Ракометот е застапен со германската пресметка меѓу Мелсунген и Хановер, додека честа на кошарката во понудата на Sport Life со специјално зголемени квоти ја брани дуелот од полуфиналето на плејофот во женската ВНБА-лига меѓу Конектикат и Њујорк.

- Оглас -

Најнови вести