Денешниот Супер тип стандардно има 16 натпревари дури од пет спорта со специјално зголемени квоти. Фудбалот доминира со седум меча, по три меча има од тенис и ракомет, два се кошаркарски и еден бејзбол дуел.
Понудата вообичаено започнува со тенис, и тоа со дуелот од турнирот во Токио меѓу Жанг Жижен и Алсан Карацев. Кинезот кој во претходното коло го совлада победникот од мастерсот во Шангај, Хуберт Хуркач, е фаворит и специјално зголемената квота за триумф изнесува 1.90. Зголемени квоти има и за победа на Вавринка над Мачац, како и на Русе за победа над Бондар.
Од фудбалските возбудувања, зголемени квоти има за победи на Арарат, Ал-Шарјах, Данубио, Ривер плејт, Палмеирас, Насионал и Флуминенсе.
Ракометот е застапен со два меча од Лигата на шампионите, меѓу кои е и дуелот на Еурофарм Пелистер и еден од германската Бундеслига.
Битолчани му гостуваат на Загреб и Sport Life нуди специјално зголемени квоти за триумф на двата тима. Квотата за прво славење на Е. Пелистер изнесува 3.40.
Двата кошаркарски меча се од Евролигата, и тоа Олимпијакос – Партизан и Басконија – Жалгирис, а зголемени квоти има за триумфи на домаќините.
Понудата е одлична, вам ви останува да го одберете фаворитот што ви одговара.
