Денешниот Супер тип има стандардно 16 натпревари со специјално зголемени квоти, но по бурниот викенд во кој имаше доста изненадувања, фудбалот не е толку доминантен. Во понудата има шест фудбалски натпревари, шест тениски и четири меча од хокеј на мраз. Квотите за конечен тип се движат од 1.40 до 2.20.
Понудата започнува со хокеј и дуелот од руската КХЛ-лига меѓу Авангард Омск и Астана, на кој специјално зголемената квота изнесува 1.79. Од највозбудлиот спорт што се игра на мраз, тука се и дуелите меѓу ЦСКА и Торпедо, Бостон бруинс и Отава сенаторс, како и тој меѓу Калгари флејмс и Филаделфија флаерс.
Од фудбалската понуда со зголемени квоти, тука е Спортинг Лисабон, за чиј триумф зголемената квота изнесува 1.53.
Најмалата квота изнесува 1.40, и тоа за победа на Станислас Вавринка против Бергс, додека најголемата е таа за победа на Сент Етјен над Ним (2.20).
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.