Денешниот Супер тип има стандардно 16 натпревари со специјално зголемени квоти, но невообичаено за овој период, фудбалот не е толку доминантен. Во понудата има седум фудбалски натпревари, а останатите се од тенис и хокеј на мраз.
Најинтересни се мечевите од Лигата на шампионите, како и дербито во Премиер лигата. Арсенал и Манчестер сити се двата најдобри тима во Премиер лигата кои се очекува до последното коло да ја водат битката за титулата. Иако Арсенал е лидер на табелата, благ фаворит е Манчестер сити, зголемената квота за триумф на домаќинот изнесува 3.20, додека за Граѓаните е 2.55.
Тука се и натпреварите од Лигата на шампионите, вечерва играа Бриж – Бенфика и Борусија Дортмунд – Челзи и на овие натпревари, како и на сите фудбалски, во Супер типот може да одиграте на конечен тип, на конечен тип со голови, како и на комбинации со голови.
Тука е и Реал Мадрид, за кого специјално зголемената квота за победа над Елче изнесува 1.33.
Понудата вообичаено започнува со тенис, и тоа со две тенисерки кои се дел од топ 10 на ВТА ранг-листата. Марија Сакари е фаворитка против Александрова и зголемената квота изнесува 1.65, а додека 1.40 изнесува квотата за победа на Ига Швјонтек над Даниел Колинс.
Според правилата, може да се игра само еден натпревар од Супер тип понудата и не може да се игра сингл, туку мора да се одигра најмалку со три натпревари од редовната понуда со коефициент поголем или еднаков на 1.25.