2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Мила Рељиќ освои сребро на турнирот во Албанија

Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои нов медал, овојпат сребрен, на Г1 турнирот кој се одржа во Тирана, Албанија.

Рељиќ најпрво ја совлада Гркинката Теопула Сарванаки (светска вицешампионка од Мексико 2022), а потоа во полуфиналето беше поуспешна и од Елза Чарсл Секанел од Шпанија.

Во финалето, Мила беше поразена од Хрватката Дора Мештровиќ (0-2).

Со овој резултат, Релиќ освои нови 6 поени на олимписката ранг-листа, а нејзиниот тренер Александар Ефтимов вели дека Мила е во извонредна форма пред Светското во Кина на крајот од овој месец – каде што најавите се атак на медал.

- Оглас -

Најнови вести