Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ освои нов медал на престижниот меѓународен турнир одржан во Инсбрук, Австрија, со што направи значаен чекор напред на патот кон Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
Со новите освоени поени, Рељиќ значително ги зголемува своите шанси за олимписка норма, а успехот претставува уште една потврда за нејзиниот континуиран напредок на меѓународната сцена.
„Ова е радост и гордост за целиот наш клуб“, изјави нејзиниот тренер Александар Ефтимов.
„Како нејзин тренер сведочам за нејзината истрајност, посветеност и дисциплина. Секој тренинг, секоја борба, секој пад и секое станување се дел од патот што води до Олимписките игри 2028 година во Лос Анџелес.“
Тој додаде дека по овој успех, продолжуваат да работат со иста страст, но и со уште поголема мотивација за нови предизвици.