Милан – Фрозиноне (18 часот)
Милан има шанса да се пробие до четвртата позиција на табелата што гарантира настап во Лигата на шампионите, но зависи и од резултатите на Аталанта.
Победата против испаднатиот Фрозиноне е императив за избраниците на Џенаро Гатузо, а ако ги освојат бодовите ќе чекаат добри вести од Торино и ќе навиваат за Јувентус против Аталанта.
Милан има подобар меѓусебен биланс со тимот од Бергамо, но моментно е со 3 бода негатива и мора да слави на последните два меча, а секако и да чека барем еден пораз на најголемиот ривал за четвртото место.
Голем проблем ќе им биде неиграњето на Пакета, а надвор од строј се и Бонавентура, Калдара и Калабрија. Сепак единствена опција за ЛШ на „росонерите“ им е да победуваат, а Фрозиноне е противник по мерка и за триумф и за ефикасен меч.
Предлог тип: 1-1&2-5 гола (2.20) Квота на денот
Црвена Ѕвезда – Напредак (19 часот)
Црвена Ѕвезда подготвува спектакл со кој ќе ја прослави 30-та титула, а навивачите одговорија со голем интерес. Влезот на стадионот „Рајко Митиќ“ е бесплатен како дел од прославата, а само формално се издаваат билети, па досега околу 35 илјади симпатизери на клубот најавија дека ќе дојдат да го бодрат својот тим и да го збогатат спектаклот во најава.
Црвена Ѕвезда одигра три меча по ред со 0-1 гол, па време е за крај да одигра поефикасно на дуел на кој се слави титулата.
Напредак не избори пламсан во Европа, а во последно време игра мечеви со многу голови. На последните три постигна шест, а прими дури 10 гола, па и вечерва од гостите од Крушевац се очекува да играат офанзивно.
Предлог тип: ГГ&4+ (2.38)
Партизан – Пролетер (19 часот)
Партизан има шанса со победа да го визира пасошот за Европа, иако ќе има шанса и преку купот, ако го победи вечниот ривал Црвена Ѕвезда да обезбеди настап во Европа Лигата.
Првата меч топка ја имаат вечерва на свој терен против скромниот тим на Пролетер. Гостите се во серија од пет порази и имаат ист број на порази во досегашните меѓусебни дуели со Партизан.
Домаќинот има големи мотиви за победа, играчите на Пролетер се чини како да се откажаа предвреме од амбиците за подобар пласман во плејофот и ќе играат само за престиж.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.70)
Јувентус -Аталанта (20.30 часот)
Јувентус подготвува прослава на титулата, во центарот на вниманието ќе биде Кристијано Роналдо со наградата МВП на првенството, а Старата дама ќе мора да го сочува и образот од евентуални шпекулации и со победа пред своите навивачи да ја заврши сезоната.
Аталанта е хит во Италија, тимот од Бергамо игра убав фудбал и е на два чекори до историја. Го имаат потребното четврто место што за првпат може да ги одведе во Лигата на шампионите, но не смеат да загубат вечерва во Торино.
Предноста од 3 бода пред Милан може да биде недоволна, ако Аталанта не освои барем еден бод против Јувентус, бидејќи во случај на ист број на бодови со Милан има полош меѓусебен скор и сонот за ЛШ нема да стане јаве.
Лошо за нив е што имаат катастрофална низа од порази во Торино против Јувентус, а серијата е 10 меча. Последен пат тимот од Бергамо успеа да избегне пораз на гости со Јуве во 2009 година.
Предлог тип: 1Х&2-5 гола (2.00) Квота на денот
Наполи – Интер (20:30 часот)
Интер нема пораз од финишот на март, кога загуби од Лацио дома, но се уште не му е сигурен настапот во Лигата на шампионите. Во последните две кола им требаат четири бода во дуелите со Наполи и со Емполи за да го осигураат настапот во Лигата на шампионите.
Наполи забележа три победи по ред и за нив ова е само дуел за престиж, бидејќи сезоната во калчото сигурно ќе ја завршат како второпласирани.
Интересно е што на последните седум меѓусебни дуели во сите конкуренции, еден од тимовите не даваше гол, а последните 4 пресметки им се со многу малку погодоци, односно од 0-1 гол. Време е тој тренд да се смени и типуваме дека ќе се тресат и домашната и гостинската мрежа, со мала предност за Наполи.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35)