3001 Милан – Удинезе (Серија А, Италија, 18.45 часот)
Милан на чуден начин и со реми против Салернитана го сочува врвот во Серија А, но со меч повеќе од Интер, кој пропушти зицер, пак да биде лидер по поразот од Сасуоло.
Росонерите веќе немаат право на кикс бидејќи во игра за Скудетото е и Наполи, па можеби и Јувентус и Аталанта.
Секој загубен бод може скапо да чини во последните 12 кола. Во сложена ситуација е и Удинезе, со 25 бода, само три повеќе од Калјари и Венеција, кои се главни кандидати за испаѓање со двете најслаби екипи, Салернитана и Џенова.
Последните четири меѓусебни дуели на Милан и Удинезе беа со Гол-Гол, а сега ќе типуваме пак на голови, но со поинаква игра.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.97)
3002 Џенова – Интер (Серија А, Италија, 21 часот)
Ова е дуел на вторпласираната и претпоследната екипа во Серија А и фаворитот се знае, тоа е актуелниот првак Интер.
Џенова е вистински раритет во Калчото само со една победа на 26 натпревари и е блиску до испаѓање.
Со 16 бода е во опасната зона, а сега има и дополнителна мака бидејќи ѝ доаѓа ранетиот шампион.
Интер во минатото коло загуби на сензационален начин од Сасуоло со 0:2 на домашен терен и пропушти шанса да биде лидер во Серија А.
Нераѕурите имаат серија од три меча без победа и типуваме дека ќе ја прекинат денеска, против најстариот фудбалски клуб во Италија.
Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.13)
1801 Хофенхајм – Штутгарт (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)
Германскиот гигант Штутгарт е во многу незгодна позиција со 19 бода на претпоследното место во Бундеслигата.
Гостите се далеку од сјајот и реномето што го имаат како петкратни прваци на Германија и ги чека тешка битка за опстанок во последните 11 кола.
Хофенхајм врза две победи по ред и е кандидат за една од четирите позиции кои водат во Лигата на шампионите.
Тука ќе нема калкулации, на двете екипи бодовите им се исклучително значајни и се очекува ефикасен меч.
Предлог тип: 3+ (1.58)
1005 Саутхемптон – Норвич (Премиер лига, Англија, 21 часот)
Светците играат извонредно во 2022 година и имаат само еден пораз на 8 меча.
Ако се смета и божикната и новогодишната фудбалска сесија, на 12 меча само Вулверхемптон успеа да ги победи.
И со ваква низа се далеку од местата кои водат во Европа, но се извлекоа од опасната зона.
Саутхемптон може да игра релаксирано, нема посебен императив, освен да ја продолжи одличната низа на успеси, а има и пет меча без пораз во серија.
Норвич имаше четири меча по ред без пораз, но ги загуби двата последни дуели и пак е последен со 17 бода.
Канаринците не победиле на „Сент Мери“ од јануари 2008 година и типуваме дека и денеска нема да триумфираат.
Предлог тип:1Х&2+ (1.43)
1301 Леванте – Елче (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)
Леванте веќе нема избор освен да победува за да се надева на спас. Енис Барди и соиграчите се фенерџии во Ла Лига само со 15 бода и ако сакаат да не испаднат, веќе денеска мора да го победат Елче.
На домаќините им недостасуваат неколку играчи, но освен Кампања, кој е повреден, нема значајни отсуства.
Елче е безбеден на 13-тото место со 29 бода, а денеска ќе игра без еден од двајцата најдобри стрелци, Лукас Боје, а не можат да играат ниту Гумбау, Верду и Паласиос.
Предлог тип: 1 (2.10)