Како да ги нарача шампионот – Идеални резултати за Интер, Наполи загуби, Милан не победи

Двата сензационални резултати вечерва и поразот на Наполи и ремито на Милан се како порачани од шампионот Интер во трката за титулата во Серија А.

Актуелниот првак играше вчера и ја победи Верона со 2:0, а денеска многу радост им донесоа Фиорентина со победа од 3:2 против Наполи и Торино со реми без голови против Милан.

Росонерите потфрлија на Олимпискиот стадион во Торино и не успеаја да ја затресат мрежата на Бериша и ремито без голови ги врати голем чекор назад во трката за Скудетото.

Иако се први со 68 бода, од таборот на Милан немаат многу причини за радост бидејќи предноста сега им е два бода пред Интер и Наполи, но актуелниот првак има меч помалку и најлесен распоред во финишот на првенството.

Торино остана на 11-тото место со 39 бода.

 

 

- Оглас -

Најнови вести