6016 Милан – Жирона (21 ч.)
Меч кој е многу значаен за Милан бидејќи со евентуална победа, сигурно ќе го обезбеди местото во нокаут-фазата, но може да дојде и во Топ 8 за директно место во осминафиналето.
Росонерите во ЛШ имаа два пораза, потоа наредија четири победи, а дуелот против Жирона им е како по мерка затоа што шпанскиот тим веќе е елиминиран од елитното натпреварување.
Предлог тип: 1-1&2-4 (3.30)
6015 Спарта Прага – Интер (21 ч.)
Спарта Прага нареди четири победи по ред во ЛШ и нема шанса да оди понатаму, но сепак дуелот против италијанскиот првак Интер е посебен предизвик. Интер е тимот со најдобра одбрана во ЛШ само со еден примен гол во досегашните шест дуели.
Интер со триумф на овој меч речиси сигурно ќе биде во Топ 8, што носи директно место во осминафиналето, па сè друго освен „двојка“ ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.16)
6013 Арсенал – Динамо Загреб (21 ч.)
Домаќинот е огромен фаворит на овој меч. За Динамо Загреб малкумина веруваа дека и по шест кола ќе има шанси за нокаут-фазата. Модрите играат многу офанзивно и во просек има по четири погодоци на мечевите кога игра хрватскиот првак во ЛШ сезонава.
Топчиите имаат примено само два гола и на свој терен во Лондон треба само да потврдат дека се тим со сериозни амбиции.
Предлог тип: 1-1&4+ (1.84)
6017 Селтик – Јанг бојс (21 ч.)
Домашниот терен е голем адут за Селтик. Шкотскиот првак има две победи и едно реми кога игра пред своите навивачи. Јанг бојс е една од најслабите екипи во ЛШ сезонава и реди само порази во сите шест меча само со еден даден гол и дури 10 примени погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (1.67)
6018 ПСЖ – Манчестер сити (21 ч.)
Делува неверојатно, но овој дуел на шампионите на Англија и Франција може да биде збогување за еден гигант од ЛШ. Сити има само осум бода и е на 24-тото место, последно кое води во нокаут-фазата. ПСЖ има само седум бода и моментално е во аут, што значи дека Светците едноставно ќе мора да бркаат победа.
Факт е дека ниту една од двете екипи нема да калкулира и може да очекуваме фајтерски дуел од двете страни.
Предлог тип: ГГ4+ (2.55)