Милан атакува и на седмото засилување во овој преоден рок

Италијанскиот гигант Милан сериозно се засилува во пресрет на новата сезона. Росонерите во овој преоден рок веќе донесоа шестмина нови играчи, а веќе работат и на седмиот трансфер.

Најавите се дека Самуел Чуквуезе треба да го облече дресот на Милан. Десното крило на Виљареал имаше одлична сезона во дресот на Жолтата подморница, а неговиот најдобар меч беше против Реал Мадрид и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, кога постигна два гола во победата од 3:2. Минатата сезона вкупно одигра 50 средби во кои даде 13 голови, а имаше и 12 асистенции.

Нигериецот целата досегашна кариера ја минува во Шпанија, а сега може да се промовира во Серија А. За репрезентацијата на Нигерија дебитираше во 2018 година и досега има собрани 28 меча во кои постигнал четири гола.

- Оглас -

Најнови вести