Милан, Барса и Борусија Дортмунд се „тепаат“ за ѕвездата на Ајакс

Екипите на Милан, Барселона и Борусија Дортмунд ја посакуваат младата ѕвезда на Ајакс, Нусаир Мазрауи.

Договорот на Мароканецот со холандскиот великан истекува на крајот од оваа сезона, а трите европски великани веќе преговараат со 24-годишниот играч.

Мазрауи игра на позицијата десен бек, а во Ајакс ја мина целата досегашна кариера откако започна во вториот тим.

За најсилниот состав од тимот на Амстердам игра од 2018 година, откако има завележано 86 настапи и постигнато шест погодоци.

- Оглас -

Најнови вести