27.8 C
Skopje
четврток, 4 септември 2025

Милан без Ибрахимовиќ во дербито против Лацио

Милан утре гостува кај Лацио во дербито од 33-тото коло во Серија А, на кое трите бода ќе се обиде да ги освои без првата ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ. Искусниот голгетер уште не е 100% подготвен за настап откако го пропушти и минатиот дуел против Сасуоло, но Златан би требало да се врати на терените во најскоро време.

„Златан секој ден се чувстува сè подобро, но нема потреба да се форсира додека не биде во комплетна физичка кондиција. Манџукиќ или Леао ќе го пополнат неговото место во нападот“, посочи Пиоли.

Италијанскиот стратег а утре нема да смета ниту на бекот Тео Ернандес, по што е јасно дека Росонерите без двајцата клучни првотимци ќе имаат потешкотии во мисијата да победат и да го задржат второто место на табелата во Калчото.

Милан во пресрет на дербито има 66 бода, еден повеќе од Аталанта, додека блиску се и Јувентус и Наполи, а Лацио е шести со 58 бода по 31 меч.

- Оглас -

Најнови вести