Милан – Болоња нема да заврши нерешено, тоа никому не му одговара

1811 Нирнберг – Келн (18.30 часот)

На Јарците од Келн им треба победата за да останат втори на едно коло до крајот, а ако дочекаат кикс на Хамбургер, и да го преземат водството во втората германска лига. Теоретски Келн викендов може и да обезбеди враќање во Бундеслигата. Нирнберг не се бори за ништо, а тоа е тим кој има само 6 ремија сезонава во 32 кола. Келн има само една победа во последните пет кола и вечерва мора да победи. Нирнберг има 10 бода помалку од Келн, а осум постигнати голови повеќе од тој тим. Келн 35 години нема лигашка победа во Нирнберг.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.55)

 

1901 Штурм – Салцбург (19.30)

На три кола до крајот на плејоф-лигата во Австрија, Штрум е лидер на табелата со три бода предност пред Австрија Виена и Волфсбергер, а на Салцбург му бега четири бода. Ова е последна шанса за Црвените бикови да се вмешаат во трка за титулата, но Штурм има одлична сезона и тие се тим кој во просек дава над два гола по меч. Есеноска Штурм дома го растури Салцбург со 5-0, а пред неполн месец се сретнаа во Салцбург и Штурм победи со 2-1.

Предлог тип: & 1+ прво (2.21)

 

3001 Милан – Болоња (20.45 часот)

Милан ќе проба да го фати последниот воз за Европа, но шест бида негатива на три кола до крај не е ветувачка ситуација. Болоња исто така се бори за излез на европска сцена, но има пет бода повеќе од Милан и е во многу подобра ситуација отколку Росонерите. Нерешено не им одговара ни на едните ни на другите. Болоња има само пет порази сезонава, но дури и 14 ремија. Милан има три победи во последните четири кола. Болоња девет години не победила на „Сан Сиро“, а на последните пет нивни меѓусебни дуели секогаш имало барем два гола.

Предлог тип: 12 & 2+ (1.79)

 

1301 Лас Палмас – Рајо Ваљекано (21.00 часот)

Ова е важен меч за двата тима. Домашните се во опасната зона и немаат друг избор освен да одат на победа бидејќи 16-тиот Алавес им бега три бода на четири кола до крајот. Лас Палмас има 18 порази сезонава, само Ваљадолид има повеќе од нив. Рајо е осми и се бори за место во Европа, но не може да биде погоре од седмо место и затоа целта им е да останат барем осми за да играат во Конференциска лига. Мадридскиот тим победи на последното гостување на Канарските Острови, но есеноска на „Ваљекас“ беше 3-1 за Лас Палмас.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.88)

 

1012 Ковентри – Сандерленд (21.00 часот)

Тука станува збор за прв меч од полуфиналето на плејофот за влез во Премиер лигата. Реваншот е за четири дена во Сандерленд. Во лигашкиот дел од Чемпионшип, Сандерленд беше четврти, а Ковентри на петтото место со седум бода помалку од Сандерленд, кој финишираше катастрофално со пет порази по ред. Ковентри е опасен домаќин, а на својот стадион уште немаат играно нерешено во 2025 година во лигашки меч. Традицијата е на страна на домашните, Сандерленд никогаш не победил на гости кај Ковентри. Се сретнаа и пред два месеца, беше 3-0 за Ковентри.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)

- Оглас -

Најнови вести