12.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Милан брка победа за прво место, Реал и Феенорд се апсолутни фаворити, во Букурешт се игра дерби

3009 Милан – Фиорентина (20:45 ч.)

Милан со победа ќе се искачи на врвот на табелата во Серија А, што значи дека Росонерите имаат посебен мотив да ги освојат трите бода. Фиорентина е во сосема поинакво расположение затоа што Виолетовите уште немаат ниту една победа сезонава и во шест меча освоија само три бода, па се во зоната за испаѓање.

На пет од последните шест меча на овие два тима, на крајот било гол-гол 3+ варијанта, што значи дека може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1&1+I&1+II (2.90)

 

1809 Сент Паули – Хофенхајм (17:30 ч.)

Дуел на два тима кои се во долниот дел од табелата во Бундеслигата. Сент Паули има три порази по ред во првенството и сега сигурно пред своите навивачи ќе сакаат да ја прекинат оваа лоша низа.

Хофенхајм сезонава освои седум бодови и сите беа на гостински терен, додека дома имаат три порази, што значи дека многу подобро се снаоѓаат на туѓ терен.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.09)

 

1309 Хетафе – Реал Мадрид (21 ч.)

Мадридска пресметка во која се знае дека гостите се апсолутни фаворити.Седум победи по ред има Реал во пресметките со Хетафе. Тоа што е уште покарактеристично е дека на 10 од последните 11 средби на овие два тима немало повеќе од два гола.

Уште поголема е традицијата дека еден тим нема да даде гол. На 14 од последните 15 дуели на овие ривали било со НГ, односно еден од двата тима да не постигне гол (Најчесто тоа е Хетафе).

Предлог тип: 2&0-3 (2.14)

 

1638 Хераклес – Феенорд (16:45 ч.)

Феенорд игра одлично и со седум победи и едно реми е лидер на табелата во првенството. За разлика од нив, Хераклес е на дното на табелата со само три бода, па јасно е кој е фаворитот за овој дуел.

Феенорд има 15 победи и пет нерешени во последните 20 средби со овој ривал, па традицијата треба да продолжи.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

2437 Динамо Букурешт – Рапид Букурешт (19:30 ч.)

Градското дерби на Букурешт на двете екипи кои се на трето и четврто место на табелата, што значи дека се израмнети по квалитет. Во последните девет меѓусебни дуели, пет пати било нерешено, а четири пати се радувал Рапид. Динамо последен пат победил пред повеќе од 10 години.

Најчесто во овие градски пресметки се игра со многу ппожртвуваност, малку фудбалска убавина и малку голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.13)

- Оглас -

Најнови вести