Милан доби компензација за грешката: Судиите не „видоа“ фаул врз Мората и пенал за Јувентус (ВИДЕО)

Досадно беше на дербито од 23-тото коло на Италија меѓу Милан и Јувентус, кои одиграа разочарувачки 0:0.

Иако се најавуваше спектакл и погодоци, ова едноставно беше натпревар за заборав, каде што најголеми победници испаднаа Интер и Наполи.

Домаќините се обидуваа да направат разлика во првиот дел, откако Шченсни одбрани еден удар на Рафаел Леао во 20-тата минута и тоа беше единствениот интересен момент на средбата.

Но, во второто полувреме имаше една сомнителна ситуација, по која се чини дека Јувентус е оштетен и дека се компензираше за грешката од минатата недела на штета на Милан.

Јуве дојде да не загуби и целта беше исполнета, но сега заостанувањето зад лидерот Интер изнесува 11 бодови.

Интер е на врвот во Серија А со 53 бодови, додека Наполи и Милан со натпревар повеќе имаат 49 бодови.

Аталанта е четвртта со 43 бодови и исто така има заостанат меч, додека Јуве е петтопласиран со 42 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести