-6.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Милан доби неверојатен пенал по фаталната грешка на еден играч (Видео)

Младинските екипи на Милан и Верона одиграа 1:1 во меч на којшто беше направена едно ретко видена грешка во шеснаесетникот, по која мораше да биде досуден пенал. Верона имаше предност од 1:0, кога по една акција на Росонерите, топката беше доделена на гостите.

Голманот на Верона ја зеде топката и ја проследи кон својот соиграч. Дефанзивецот наместо да продолжи да игра, реши да ја сопре топката со рака со цел тој да изведе прекршок. Судијата тоа веднаш го санкционира како играње со рака и досуди пенал за Милан, кој беше претворен во гол и Росонерите се спасија од пораз.

- Оглас -

Најнови вести