15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Милан доби нови сопственици – „РедБирд Капитал“ најавува враќање на великанот по старите патеки

„РедБирд Капитал“ се нови сопственици на фудбалскиот клуб Милан. Американската инвестициска компанија за една милијарда и двесте милиони евра го купи италијанскиот великан од „Елиот Адвајзерс“.

„Запознаени сме со историјата на Милан и сакаме и ветуваме дека ќе го вратиме во врвот на италијанскиот, европскиот, а со тоа и на светскиот фудбал. Со добра и квалитетна работа, инвестиции во клубот и паметно функционирање на раководството, ќе бидеме незапирливи“, изјави Гери Кардинале, основачот на „РедБирд Капитал“.

 

- Оглас -

Најнови вести