Милан добива сопственици од Блискиот Исток, станува најбогат клуб во светот?!

Мнозинскиот сопственик на италијанскиот гигант, Гери Кардинале, изминатиот период се наоѓа на Блискиот Исток, каде што бара купувачи за клубот. Тој мнозинскиот пакет од акциите им го понудил на два инвестициски фонда. Се работи за „Инвесткорп“ од Бахреин, како и Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, кој е предводен од принцот Мохамед бин Салман.

Токму фондот од Саудиска Арабија е сопственик на премиерлигашот Њукасл, како и на најголемите клубови во татковината на принцот. Гласноговорникот на Мохамед бин Салман веќе се пофали дека им е понудено да го купат Милан и најави дека тоа може лесно да се случи само доколку Кардинале остане во раководните структури на клубот како малцински сопственик.

Во исто време и италијанските медиуми ги потврдуваат овие информации, но и додаваат дека Кардинале по секоја цена сака да го продаде Милан и е отворен за понуди и од други компании.

- Оглас -

Најнови вести