Милан договори засилување од Барселона, Манчестер сака да му го „украде“

Жан-Клер Тодибо за првпат одигра цел меч во дресот на Барселона во победата на гости кај Интер (2:1) и покажа дека е голем талент. Мечот на „Џузепе Меаца“ го следеле и челниците на Милан, Звонимир Бобан и Паоло Малдини, кои веднаш започнале и преговори со младиот репрезентативец на Франција.

Според најавите, Милан и Барселона се договориле во зимскиот преоден рок Тодибо да дојде во Милано како позајмен играч, но на крајот од сезоната да биде откупен договорот за сума од околу 20 милиони евра.

Иако Росонерите веќе ги финализираат деталите, целата работа може да ја расипе Манчестер јунајтед. Англискиот гигант е подготвен да го купи Тодибо уште во јануари, што би било удар за Милан во обидот да го доведе талентот од Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести