Милан донел одлука околу иднината на Гатузо

Челниците на Милан решиле да му врачат отказ на Џенаро Гатузо, и тоа веднаш по завршување на дуелот против СПАЛ, открива „Калчомеркато“. Некогашниот италијански гигант игра во очајна форма, а тоа го потврдува и фактот што нема дадено гол на последните четири првенствени средби.

Последен пат такво нешто на овој клуб му се случило во декември 1984 година, што значи дека израмнет е еден неславен рекорд од пред 34 години. Засега точно 380 минути се поминати од последниот погодок кој беше дело на Кеси од пенал на дуелот против Парма.

Уште пред мечот против Фрозиноне, Гатузо доби ултиматум дека треба да освои шест бода од последните две средби во 2018 година, но киксираше уште на првиот дуел, па затоа и ќе биде активиран отказот. Милан моментно има 28 бодови и е на шестото место на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести